За Битола
Следејќи ги историските факти за создавањето и постоењето на населби во овој регион ќе се навратиме многу, многу одамна каде дури и онаа реченица со која започнуваат приказните “Во далечното минато си живееле еднаш….”, ќе ја има вистинската смисла и содржина.
Најстарите неолитски живеалишта откриени во Пелагониската Котлина зборуваат за еден исклучително долг континуитет на постоење на живот на овие простори. Достигнувањата во сферата на материјалната култура на неолитскиот човек зборуваат за неговиот висок сензибилитет и изнаоѓањето на рамнотежа помеѓу неговиот внатрешен духовен живот и неговиот “реален”, материјален свет.

Бројните жртвеници преку кои се обидувал да ги отслика своите внатрешни чувства и емоции, и својата вечна потрага по божественото, женските фигури со нагласени репродуктивни органи, Божицата Мајка преку кои тој го манифестира нагласеното значење на култот на плодноста, се само одредени сегменти од културата на неолитскиот човек. Откривајќи ги нив, проникнуваме во суштината на еден исклучително богат и значаен период на човековото постоење на овие простори.
Битолска Плоча
Битола играла мошне значајна улога и во религиозниот живот на населението. Битолската Епископија која била подчинета на Охридската Архиепископија, претставувала и своевиден наследник на епископијата на некогашниот град Хераклеја. Турбулентните времиња, честите борби, пустошења и грабежи оставиле свој белег врз населението и врз градот. Нападите на крстоносците, епирските, бугарските, латинските и српските завојувачи помалку или повеќе оставиле свој белег и допринеле за влошување на и така лошата состојба на населението. Српското завладување во времето на цар Душан само ја надополнило сликата на бројните војни и завојувачи, за да ваквиот период привремено се смири со владеењето на Волкашин односно неговиот син Крали Марко.
Битола во овој период постепено започнува да се вообличува во значаен трговски центар со многу јаки трговски врски со Венеција, Дубровник но и со многу други градови кои во тој период играле важна улога во европската и светската трговија. Таа во исто време била и место каде се складирале најразлични странски трговски производи кои потоа биле наменети за понатамошен транспорт на пошироките пазари.
Текст: Мери Стојанова
НУ Завод и Музеј Битола
Извор: Bitola tourist info